Хотел Студио Ин е лоциран во тивок и мирен дел на само десетина минути пешачење до центарот на Струмица, град познат по најдобриот ноќен живот во Македонија, а воедно и град со најбрз економски раст во регионот.
Прекрасниот амбиент, одличната храна, современиот дизајн, бесплатниот безжичен пристап до интернет, го прават хотелот Студио Ин идеален, како за деловни така и за туристички престои.
Сите простории во хотелот се климатизирани и целосно покриени со WiFi мрежа, овозможувајќи им на гостите во хотелот да користат бесплатни интернет услуги преку лаптоп или ПДА уреди. Корисниците кои не носат лаптоп можат да пристапат до интернет преку компјутерот кој се наоѓа во лобито. Секој корисник исто така има право и на кристење на принтер и факс.
Нашиот гостопримлив кадар ја очекува Вашата посета!